Политички спектар

Политичкиот спектар овозможува утврдување на генералната идеолошка ориентација на лицата кои се тестираат. Функционира на тој начин што се одговара на вкупно 60 прашања, поделени во 5 тематски целини.

Прашањата ја утврдуваат генералната ориентација на лицето што се тестира по две основи: левица/десница и слободарство/авторитарност, која ќе се прикаже по одговарањето на сите прашања на тестот.

Избери јазик | Zgjidh gjuhën:
Македонски Shqip

Политички спектарЗапочни го тестот

Политичкиот спектар е тест кој овозможува утврдување на генералната идеолошка ориентација на лицата кои се тестираат. Функционира на тој начин што се одговара на вкупно 60 прашања, поделени во 5 тематски целини.

Прашањата ја утврдуваат генералната ориентација на лицето што се тестира по две основи: левица/десница и слободарство/авторитарност. Причината зошто е избран овој начин на утврдување на политичките ориентации е поради тоа што и кај левицата и кај десницата постојат слободарски и авторитарни политички ориентации. По одговарањето на сите прашања на тестот, ќе можете да видите во кој идеолошки сегмент припаѓате, во сегментот на слободарската левица, во авторитарната левица, во авторитарната десница или во слободарската десница.

При одговарањето на прашањата, може да се избере еден од понудените четири одговори:

Секој од понудените одговори носи одредени поени кои ја придвижуваат точката на генералната идеолошка ориентација налево или надесно, односно нагоре или надолу по оските. Сите прашања не носат ист број поени, туку посуштинските носат повеќе, а помалку суштинските помалку поени. Не е предвиден одговор „не знам“, бидејќи многу често луѓето инклинираат да одговорат со „не знам“ од едноставна причина што тоа им е најлесна опција која им стои на располагање кога се соочуваат со ситуација да дадат одговор на прашање за кое претходно немаат размислено и формирано став. Бидејќи опцијата на одговор „не знам“ не е понудена, поединците ќе бидат поттикнати да размислат и да одберат опција според своите преференции.

Точката на својата генерална идеолошка ориентација лицата кои се тестираат ќе можат да ја видат по одговарањето на сите прашања на тестот.

Политичкиот спектар е направен врз основа на Политичкиот компас. При тоа, направен е обид како за подобрување на релевантноста на прашањата, така и за нивно прилагодување на приликите и спецификите на Република Македонија.