Политички спектар

Политичкиот спектар овозможува утврдување на генералната идеолошка ориентација на лицата кои се тестираат. Функционира на тој начин што се одговара на вкупно 60 прашања, поделени во 5 тематски целини.

Прашањата ја утврдуваат генералната ориентација на лицето што се тестира по две основи: левица/десница и слободарство/авторитарност, која ќе се прикаже по одговарањето на сите прашања на тестот.

Избери јазик | Zgjidh gjuhën:
Македонски Shqip

I. Перцепцијата на себеси и другите

Мојот идентитет пред сè е одреден од јазикот и културата на мојот народ.
Ако мојата земја не е во право, нема да ја ужива мојата поддршка.
Нашата етничка група е подобра од другите.
Заедничкиот јазик не е неопходен за едно општество да биде кохезивно.
Сите треба да станат на нозе кога се интонира државната химна.
Заштитата на индивидуалните права на граѓаните е поважна од заштитата на интересите на сопствената етничка заедница.
Религиозните објекти не треба да служат за обележување територија.
Националните закони секогаш треба да имаат приоритет над меѓународните договори.
Во интерес на државата е во меѓународната политика да биде на страната на посилниот.
Воена акција која не е во согласност со меѓународното право понекогаш е оправдана.
Страна 1 од 6 Продолжи